Како да отворам нов билет за поддршка на ниво на проект?

За да отворите нов билет за поддршка кој ќе можат да го гледаат сите членови на проектот:

  1. Се најавувате со вашата електронска пошта и лозинка на клиентскиот портал;
  2. Во главното мени го бирате линкот „Проекти“;
  3. Од табелата со проекти го избирате проектот за кој сакате да отворите билет за поддршка;
  4. Од менито за проектот избирате „Билети“;
  5. Кликнете на копчето “ОТВОРИ БИЛЕТ” за да отворите нов билет.
  6. Пополнете го формуларот за нов билет:

  1. Внесете предмет (наслов) на билетот;
  2. Изберете оддел на кој сакате да го насочите билетот од листата на понудени одговори;
  3. Изберете приоритет на билетот (пр. низок, среден или висок);
  4. Изберете услуга од понудените опции;
  5. Внесете содржина на билетот;
  6. Прикачете датотека/и (слика, документ, видео итн.), на копчето „+“ може да додадете повеќе полиња за прикачување повеќе датотеки;
  7. Зачувајте, потврдете и испратете го билетот;

Дали го најдовте овој напис корисен?